Една од најдобрите во светот…
Weight Watchers е една од најпопуларните програми за слабеење во светот. Милиони луѓе, меѓу кои и жени од нашите простори, но и светски познати личности како Опра Винфри, се свртеа кон оваа диета бидејќи ветува слабеење – без ефектот на бумеранг.
Диетата WW ја создаде Жан Нидек во 1963 година од Квинс, Њујорк. Наскоро, таа програма, со некои модификации, стана еден од најбараните планови за исхрана во светот. Диетата се заснова на точки кои доделуваат вредности на храната и пијалоците врз основа на содржината на влакна, масти и калории, пишува HealthLine.
Секој план на исхрана за време на WW диетата е индивидуален и зависи од тоа каква храна сака корисникот, каков начин на живот води и какви резултати сака.
Постојат три начини на кои можете да ја практикувате оваа диета според вашите потреби, а помош добивате преку апликацијата WW.
Што е најважно, диетата на WW е оценета меѓу неколкуте најдобри во светот. Спаѓа во здрави диети бидејќи не е рестриктивна, ниту една храна не е забранета и суштината е во умерени количини. За време на оваа диета во организмот ќе внесете доволно количество на протеини, јаглени хидрати, масти и други хранливи материи…